Достапни линкови

logo-print

Обама: во опасност исплатата на пензии


Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека на Соединетите Држави им се заканува опасност да не можат да ги исплатат пензиите доколку до 2 август не биде подигнат лимитот за задолжување на земјата. Во интервју за телевизија Си-Би-Ес, тој истакна дека не е доведена во прашање само исплатата на пензиите, туку и на примањата на воените ветерани и на лицата со инвалидите.
Републиканците не сакаат да го поддржат предлогот на Обама за зголемување на лимитот, се додека властите не претстават план за намалување на државната потрошувачка, но без зголемување на даноците.
XS
SM
MD
LG