Достапни линкови

ОН ги осудија нападите врз странски амбасади во Сирија


Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите врз амбасадите на САД и на Франција во Дамаск, барајќи од сириските власти да го заштитат дипоматскиот персонал и имотот. Генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун исто така ги осуди нападите, потсетувајќи оти за безбедноста на дипломатските мисии е одговорна земјата- домаќин.
Приврзаници на сирискиот режим деновиве ги нападнаа двете амбасади, протестирајќи поради посетата на американскиот и францускиот амбасадор на градот Хама, седиште на противниците на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG