Достапни линкови

Протести против воената власт во Египет


Неколку илјади луѓе протестирале синоќа во Каиро, барајќи заминување на маршал Хусеин Тантауи, шефот на воениот совет кој го раководи Египет. Демонстрантите се незадоволни од бавноста во спроведувањето на реформите по заминувањето на Мубарак и бараат „чистка“ во полицијата и поцврсто и побрзо судење на некогашните раководители.
Врховниот совет соопшти дека ќе им ја врати власта на цивилите, но по организирање на избори и усвојување на нов устав.
XS
SM
MD
LG