Достапни линкови

Охрид - споровите да не се пречка


Претседателите на Албанија, Бамир Топи, на Косово, Атифете Јахјага, на Црна Гора, Филип Вујановиќ и на Македонија, Ѓорге Иванов, на средбата во Охрид.

Претседателите на Албанија, Бамир Топи, на Косово, Атифете Јахјага, на Црна Гора, Филип Вујановиќ и на Македонија, Ѓорге Иванов, на средбата во Охрид.

Иднината на регионот е во меѓусебната соработка, порачаа претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово од Самитот во Охрид.

Претседателот на Србија, Борис Тадиќ, идната година на четвртата претседателска регионална средба во Црна Гора, да седне на иста маса со претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, со што воспоставениот дијалог меѓу Белград и Приштина би се подигнал на
И иднината на нашите земји е во соработката, мирот и нашиот заеднички пат. Фактот дека Србија се декларира дека сака да биде дел од ЕУ, се разбира ја обврзува да го има истиот пат и начин на политичко однесување како и другите земји од регионот.
највисоко ниво, а со цел за поквалитетни односи и поголема стабилност, соработка и мир во регионот, беше порачано од самитот на четирите шефови на држави на третата нивна средба во Охрид.

„И иднината на нашите земји е во соработката, мирот и нашиот заеднички пат. Фактот дека Србија се декларира дека сака да биде дел од ЕУ, се разбира ја обврзува да го има истиот пат и начин на политичко однесување како и другите земји од регионот“, изјави претседателот на Албанија, Бамир Топи, на што се придружи и шефот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

Според претседателот Иванов, домаќин на самитот во Охрид, билатералните спорови на земјите како спорот на Македонија со Грција за името, не смее да го блокираат процесот на нивно интегрирање во ЕУ и НАТО, како заедничка цел на земјите од регионот.

Претседателите на Албанија и Црна Гора, Бамир Топи и Филип Вујановиќ

„Позитивното искуство на Словенија и Хрватска ни е патоказ како треба да дојдеме до решение, секоја земја со секоја си има прашања, кои преку ваков начин на дијалог од средба до средба, се затвораат, но тие остануваат билатерални прашања. Како се најде начин Словенија европски да се однесува кон земјата кандидат Хрватска, така очекуваме и една членка на унијата, Грција така да се однесува и кон нас. Проблемот е во ОН, и таму треба да се најде завршница, а она што е наша обврска
Позитивното искуство на Словенија и Хрватска ни е патоказ како треба да дојдеме до решение. Секоја земја со секоја си има прашања, кои преку ваков начин на дијалог од средба до средба, се затвораат.

која сме ја оствариле, тоа треба да го почувствуваат и граѓаните. Ние во овие години, како кандидат ги исполнуваме сите критериуми кои од нас се бараат за да бидеме полноправна членка на ЕУ. Очекуваме сето тоа да биде вреднувано и овој билатерален спор да не е пречна за нашето интегриурање и во НАТО и во ЕУ“, порача шефот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

Како главни приоритети на кои мора да работат земјите од регионов беа посочени проектите за инфраструктурно и енергетско поврзување, соработка во економијата и животната средина и полесно движење на луѓето и капиталот.
XS
SM
MD
LG