Достапни линкови

УЈП почна со присилна наплата од фирмите на „Перо Наков“


Управата за јавни приходи почна присилна наплата од фирмите на „Перо Наков“. Даночните извршители направиле попис на 47 возила од кои пет се веќе одземени. Со цел обезбедување на милионските суми на даночен долг, УЈП и во наредните денови ќе продолжи со попис и одземање на ствари на даночните должници. Бидејќи станува збор за фирми чија претежна дејност е медиумско работење и секако земајќи го предвид фактот дека истите треба непречено да ја извршуваат својата професионална дејност, Управата за јавни приходи пристапи кон заплена и одземање на ствари без кои не би се нарушило нормалното функционирање на даночните обврзници. се вели во соопштението од УЈП. Во меѓувреме вработените во весниците Шпиц, Време и ****е Ре, кои веќе десетина дена се на принуден годишен одмор утре ќе протестираат пред редакциите на овие медиуми, поради неисплатените плати за месеците мај и јуни, и придонесите од почетокот на годината.
XS
SM
MD
LG