Достапни линкови

logo-print

Отворена истрага за потонувањето на бродот во Волга


Во Русија денеска е ден на жалост

Во Русија денеска е ден на жалост

Руските власти денеска отворија истрага за потонувањето на туристичкиот брод во водите на реката Волга. Во несреќата животото го загубија повеќе од 100 луѓе. Бродот кој превезувал повеќе од 200 патници, потона во неделата. Осумдесет луѓе беа спасени веднаш. Билансот на жртвите денеска се искачи на најмалку 116, откако нуркачите успеаа да стигнат до еден дел од бродот во кој имало заробено околу 50 тела, повеќето од нив на деца. Истражниот комитет на Русија, денеска соопшти дека биле уапсени директорот на туристичката агенцијата и уште еден службеник и против нив е отворена истрага. Истрага се води и против капетаните на двата брода кои биле во близина на бродот кога почнал да тоне , но не му понудиле помош Властите велат дека бродот бил преоптоварен, немал дозвола за превоз на патници и имал технички проблеми.
XS
SM
MD
LG