Достапни линкови

Иванов-билатералните прашања да не се пречка за влез во ЕУ и НАТО


Билатералните прашања не смеат да бидат блокада за процесите што се незапирливи, како што е интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, порача претседателот Ѓорге Иванов на крајот од третата регионална претседателска средба, што се одржа во Охрид. Според примерот како се однесува држава-членка на ЕУ Словенија кон држава кандидат за членство Хрватска, очекуваме така да се однесува и Грција кон Македонија. Ние покажавме дека учиме од сегашните членки на ЕУ кога биле кандидати за членство, дека преку дијалог доаѓале до решенија за отворените прашања кои постооеле меѓу нив.
XS
SM
MD
LG