Достапни линкови

logo-print

Заврши третата регионална лидерска средба во Охрид


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Балканот не е она што беше, во сите сфери во регионот се евидентни позитивни тенденции, обединети со забрзаните процеси на евроатлантските интеграции, рече претседателот Ѓорѓе Иванов на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Албанија, Црна Гора и Косово, Бамир Топи, Филип Вујановиќ и Атифета Јахјага во Охрид. Лидерите од регионот се заложиле за јакнењето на економската соработка, поддршката на слободниот проток на луѓе и капитал, промовирањето на претприемништвото, поттикнување на регионалните инвестиции, поврзувањето на стопанските комори и заедничките проекти за привлекување инвестиции. Иванов изјави дека со неговите колеги на третиот по ред Регионален самит разговарале за повеќе клучни теми кои треба да го олеснат патот кон ЕУ и НАТО, да го забрзаат севкупниот развој на општествата одделно, но и да придонесат за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот во целина.
XS
SM
MD
LG