Достапни линкови

logo-print

Асанж повторно бара да не го екстрадираат во Шведска


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска побара да не биде екстрадиран во Шведска. Асанж во судот во Лондот побара да се поништи пресудата од понискиот суд во февруари, кој ја отфрли жалбата на Асанж дека во Шведска го очекува нефер третман. Ова е второ сослушување на Асанж. Тој беше уапсен во декември под обвинение дека сексуално злоупотребил две жени во Шведска .Обвинението дојде непосредно по објавувањето на доверливи дипломатски документи на Викиликс. Асанж смета дека процесот против него е политички мотивиран.
XS
SM
MD
LG