Достапни линкови

Потреси на европскиот финансиски пазар, заради Италија и Шпанија


На европскиот финансиски пазар денеска владее паника бидејќи инвеститорите стравуваат дека Италија и Шпанија ги очекува финансиска криза. Стравот се зголeми и покрај тоа што на синоќешниот состанок на министрите за финасии од евро зоната беше речено дека ќе се преземат мерки за излегување на крај со кризата. Денеска во Европа паѓаат акциите, еврото ослабна за 0,9 проценти. Комесарот за економски прашања Оли Рен изјави дека е многу важно што министрите ја понудиле својата посветеност да се заштити финансиската стабилност на еврозоната. Но и покрај тоа финскиот министер за финансии Јута Урпиланен рече дека ситуацијата „е многу сериозна во моментот."
XS
SM
MD
LG