Достапни линкови

logo-print

На Кипар му се заканува енергетска криза,по вчерашните експлозии


Воената база на националната гарда

Воената база на националната гарда

На Кипар му се заканува енергетска криза со непредвидливи последици по вчерашната експлозија во воено-поморската база на Националната гарда на Кипар во Зиги. Во експлозијата загинаа 12 луѓе, 62 беа повредени, а експлозиите предизивика и катастрофална штета врз најголемата електроцентрала на Кипар и предизвикаа прекин на струјата во земјата. Причинети се штети од 1,5 милијарди евра. Кипарското Министерство за финансии смета дека енергетската компанија ќе треба да подигне кредити за да ги надокнади загубите од овие експлозии. Недостигот на електрична енергија, влијае врз туризмот и индустријата.
XS
SM
MD
LG