Достапни линкови

logo-print

Регионална средба во Охрид


Претседателот Иванов домаќин на третата регионална лидерска средба.

Претседателот Иванов домаќин на третата регионална лидерска средба.

Во Охрид започна третата регионална средба меѓу претседателите на Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово.

По билатералните средби претпладнево, во Охрид во тек е пленарниот состанок на четворицата претседатели на земјите од регионов, Ѓорѓе Иванов на Македонија и неговите колеги Филип Вујановиќ на Црна Гора, Бамир Топи на Албанија и од Косово, Атифете Јахјага. Третата регионална претседателска средба во градот и околината наметна полициско обезбедување на објектите и сообраќајниците на највисоко ниво и посебен режим на сообраќајот, кој е со времено ограничено движење на одредени делници каде минуваат делегациите со нивните возила и придружба, како и во стариот дел на Охрид, каде претседателите ќе се шетаат попладне.

Темите на дискусија на самитот, чија цел е одржување на дијалогот на највисоко ниво меѓу соседните земји во рамките на заедничката евро-атлантска перспектива, се поврзани со ЕУ и НАТО-интеграциите и олеснување на овие процеси, преку јакнење на демократијата и реформите, зголемена економска соработка и поттикнување на регионалните инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, прекугранична соработка во борбата против криминалот и слично. Од овој веќе традиционален собир на највисоко ниво, се очекува да биде испратена порака до Брисел и Европските престолнини, дека Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, делат заеднички Европски вредности и еднаква визија за иднината и како врвен приоритет им е брзата интеграција во ЕУ и НАТО, за што е неопходна интензивна билатерална, но и регионална соработка.

Охрид

Сигналот кој ќе се упати до Брисел ќе биде дека четирите земји знаат Европски да се однесуваат, во контекст на проширувањето на унијата, но и како апел за правилно вреднување на индивидуалните и заеднички постигнувања на секоја од земјите во насока на забрзана интеграција. Од третиот самит во Охрид се очекува да произлезат и иницијативи за нови регионални проекти, посебно во инфраструктурното и енергетско поврзување, заеднички настап пред меѓународните институции и други приоритети.

По претседателските средби во Валона 2009 и Призрен минатата година, сега се проценува дека е време декларативните заложби да добијат реална димензија со конкретни акции со структурализирање и зајакнување на оваа регионална иницијатива. На самитот не присуствуваа шефовите на Србија и Грција.

По заедничката прес-конференција, претседателите ќе се шетаат со брод по Охридското Езеро, претседателот Иванов ќе приреди ручек, а вечерва тие ќе се во публиката на свеченото отворање на 51-вото издание на фестивалот Охридско Лето во Античкиот театар во Охрид.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG