Достапни линкови

Дијалогот меѓу Белград и Приштина е пат кон европската иднина


Catherine Ashton and Hillary Clinton

Catherine Ashton and Hillary Clinton

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се согласија дека нормализирањето на односите и изградбата на доверба низ дијалогот меѓу Белград и Приштина ја отвара европската иднина за двете страни.
Последните договори меѓу Србија и Косово, под покровителство на ЕУ, го олеснуваат дијалогот, што претставува позитивен и меѓусебно корисен чекор. Но ова е само почеток, изјави синоќа Клинтон.
На маргините на состанокот на блискоисточната четворка во Вашингтон, американскиот државен секретар истакна дека „сега договорите треба да бидат спроведени и треба да се види поголем напредок, посебно во северниот дел на Косово“.
XS
SM
MD
LG