Достапни линкови

Собранието денеска функционерски треба да се екипира


На денешната собраниска седница треба да бидат изгласани предлозите за потпретседатели на Парламентот: Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ
Парламентот денеска се очекува да ги верификува и мандатите на Сузана Анова и Стевче Трпковски, двајцата нови пратеници по оставките на мандатарот Никола Груевски и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.
На дневен ред на седницата се и предлог одлуките за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, за избор на шеф, членови и заменици членови на делегациите на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација, во Парламентарното собрание на ОБСЕ, во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива и во Парламентарното собрание на Медитеранот.
XS
SM
MD
LG