Достапни линкови

logo-print

Денеска започнува 51 фестивал Охридско лето


Со мултимедијалниот проект „Трилогија Романа“, во продукција на познатата шпанска компанија „Ла Фура делс Баус“ и во изведба на Македонската филхармонија вечер во Античкиот театар свечено ќе биде отворен 51. фестивал „Охридско лето“ на кој до затворањето на 20 август ќе има четириесетина содржини.
„Трилогија Романа“ во Охрид е дел од светската премиера на ова дело на италијанскиот композитор Оторино Респиги, кое минатиот месец беше изведено и во Рим и во Валенсија.
Покрај музички и сценски настани, фестивалот ќе понуди и голем број изложби. Локациите се стандардни - Античкиот театар, црквата Света Софија и нејзиното предворје, Долни Сарај, Центарот за култура „Григор Прличев“.
XS
SM
MD
LG