Достапни линкови

Ден на жалост во Русија за жртвите од потонатиот брод


Една од преживеаните од бродската несреќа

Една од преживеаните од бродската несреќа

Русија прогласи национален ден на жалост за жртвите од најкатострофалната несреќа во земјата во последните три децении.
Сто дваесет и осум луѓе загинаа кога преполн туристички брод потона во реката Волга. Осум луѓе беа спасени. Бродот превезувал повеќе од 200 патници, околу 60 од нив биле деца.
Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека немало да се случи несреќата ако правилата за безбедност биле почитувани.
XS
SM
MD
LG