Достапни линкови

Три дена жалост во Кипар за жртвите од експлозиите


Владата на Кипар прогласи тридневна жалост за жртвите од експлозиите во военопоморската база на Националната гарда во Зиги, покрај Лимасол. Портпаролот на кипарската влада Стефанос Стефану по вонредната седница изјави дека бројот на жртвите засега е 12 лица, а повредени се 62. Претседателот на Кипар ги прифати оставките на министерот за одбрана Костас Папакостас и на началникот на Националната гарда, Петрос Цалкидис. Причината за експлозиите најверојатно е шумски пожар, кој избувнал во близина на базата.
XS
SM
MD
LG