Достапни линкови

Од Волга досега извлечени 41 тело, 80 луѓе се водат за исчезнати


Роднини на жртвите

Роднини на жртвите

Од водите на Волга досега се извлечени телата на 41 човек , а повеќе од 80 луѓе се уште се водат за исчезнати. Бродот „Бугарија“ со кои се превезувале потона вчера во близна на Казан, главниот град на Татарстан. На бродот имало 208 патници, а бродот бил регистриран за превоз на 120. Меѓу извлечените жртви се наоѓаат и телата на 5 деца. По потонувањето биле спасени 80 луѓе. Бродот потонал на три километри од копното, на длабочина од 20 метри. Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска побара целосна истрага за несреќата а утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост.
XS
SM
MD
LG