Достапни линкови

Бангладеш-31 дете загинале во сообраќајна несреќа


Архива

Архива

Најмалку 30 деца загинале денеска на југоистокот на Бангладеш кога камионот со кој се превезувале паднал во канал полн со вода. Во камионот се превезувале 50 деца, на возраст од 10 до 15 години кои се враќале од фудбалски натпревар. Тамошната полиција потврдила дека загинале 31 дете, од кои поголемиот број се удавиле . Шест деца се наоѓаат во критична состојба. Според податоците на Центарот за несреќи во Бангладеш, секоја година гинат по 12 илјади луѓе во сообраќајни несреќи во земјата. Една од причините се лошите патишта.
XS
SM
MD
LG