Достапни линкови

Сирија-нападнати амбасадите на САД и на Франција


Сириските про-владини демонстранти ги нападнале амбасадите на САД и на Франција во Дамаск, при што предизвикале штети, јавуваат сведоци. Сведоците велат дека демонстрантите кршеле прозорци и поставиле сириски знамиња на амбасадата на САД. При обидот да влезат во француската амбасад, демонстрантите се судриле со чуварите. Протестите уследија откако амбасадорите на САД и на Франција минатата недела ги посетија упориште на бунтовниците во Хама.
XS
SM
MD
LG