Достапни линкови

Заврши комеморацијата во Поточари


Во меморијалниот центар Поточари денeска беа погребани останките на 613 жртви од масакарот во Сребреница. Со погребот заврши денешнатa комеморација по повод 16 годишнината од масакарот. Денеска беше погребана и најмалата жртва, која била убиена на 11 години. На денешната комеморација присуствуваа околу 40 илјади луѓе, меѓу кои членови на семејствата на жртвите, високи преставници на БиХ, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, високиот преставник за БиХ Валентин Инцко, и членови на дипломатскиот кор во БиХ.
XS
SM
MD
LG