Достапни линкови

Реконструкција на „Участак“


Објектот на прилепскиот „Участак“, поранешниот бугарски затвор, се реконструира. Министерството за култура издвои 3,1 милиони денари за реставрацијата.

Со средства од Министерството за култура, но и од локалниот буџет конечно овој меморијален центар кој беше оставен на забот на времето, ќе биде саниран. Со проектот вреден 3,1 милиона денари предвидена е реконструкција на подовите, таваните, ѕидовите, уредување на затворската ќелија каде што биле мачени затворениците и отворање на сувенирница. Градежните активности ќе бидат интензивирани следните три месеца, по што Участакот ќе блесне со нов сјај.
Потполно едно ново руво на Участакот со замена на подовите, со средување на таваните и на крајот кога сето тоа ќе го завршиме, ќе преминеме кон преуредување на поставката.

„Потполно едно ново руво на Участакот со замена на подовите, со средување на таваните и на крајот кога сето тоа ќе го завршиме, ќе преминеме кон преуредување на поставката“, изјави Гордана Данилоска-Спироска, директор на прилепскиот Завод и музеј.


Во моментов нема точна информација колку експонати брои трајната поставка, зашто дел артефакти некогаш биле мета на крадците, а по пронаоѓањето не биле вратени во овој музеј. Но, сега и тие, а и многу други повлечени поради лошите услови во кои досега се чуваа ќе бидат повторно изложени.

„Според елаборатот кој бил направен тогаш за презентација на целата таа приказна околу настаните и во 1941 година и на сето тоа што претходело, значи сето тоа ќе се преуреди. Ние не можеме според елаборатот да менуваме воопшто ништо, но можеме да ја модернизираме презентацијата на експонатите и нешто што порано било одземено од Участакот поради недоволна безбедност, повторно ќе се врати и ќе се збогати збирката“, истакнува директорката Данилоска-Спироска.

Оваа трајна поставка ја сочинуваат фотографии, бројни укази, документи, извадоци од весници, дел од оружјето и муницијата кои 16-члениот одред ги користел ноќта спроти 11 Октомври, 1941-та кога го извршиле нападот
Според елаборатот кој бил направен тогаш за презентација на целата таа приказна околу настаните и во 1941 година и на сето тоа што претходело, значи сето тоа ќе се преуреди.
на Участакот. Поставката ќе биде изложена во три сали на двата ката на површина од околу 200 квадрати во овој меморијален центар.

„Тука е сето она што се случувало, сите општествено-политички прилики во Кралството СХС пред окупацијата, приказната за формирањето на одредот, планот за напаѓање на Участакот и фотографии на 16-те души кои учествувале во нападот на Участакот, кои после нападот се повлекла и формирале партизански одред“, вели Данилоска-Спироска.

Таа додава дека токму на националниот празник 11-ти Октомври во присуство на целиот државен врв ќе биде повторно свечено отворен Участакот, кој е жив сведок на прилепскиот, на македонски непокор во годините на антифашистичката револуционерна борба. А, потоа ќе биде постојано отворен за туристички посети.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG