Достапни линкови

Американскиот секретар за одбрана Панета во посета на Ирак


Леон Панета

Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека америкaнските сили во Ирак, спровеле воена операција против шиитски милитанти, речиси по една година откако и формално завршија со воената операција во таа земја. Панета од вчера престојува во официјална посета на Ирак. Секретарот за одбрана соопшти дека американските војници заедно со ирачките безбедносни сили спровеле акција против милитантите. САД ја завршија воената мисија во Ирак, лани во август. Од вкупно 170 илјади војници колку што имаше во 2003-та на почетокот на инвазијата, сега останаа 46 илјади војници.
XS
SM
MD
LG