Достапни линкови

logo-print

Пакистан-не ни треба воената помош од САД


Пакистанска војска

Пакистанска војска

Пакистанските воени власти денеска соопштија дека безбедносните сили се подготвени да се борат и без помошта на САД. Ова е нивниот одговор на соопштението на американските власти дека ќе повлечат една третина од својата воена помош за Пакистан. Воените власти во Пакистан велат дека досега не биле официјално информирани за одлуката на САД. Вчера од Белата куќа соопштија дека ќе повлечат дел од воената помош за земјата, затоа што Пакистан направил некои чекори кои допринеле за таквата одлука, и дека односите меѓу двете земји се коплицирани. Претходно „Њујорк тајмс“ ја објави таа вести, повикувајќи се на американски официјални лица како велат дека потегот на Вашингтон е одговор за протерувањето на американските воени инструктори од Пакистан.
XS
SM
MD
LG