Достапни линкови

Над сто тела во бродот што потона во Волга


Нуркачите кои успеале да влезат во бродот ,,Бугарија,, што вчера потона на реката Волга во Татарстан, во Русија изјавија дека таму виделе тела на над сто мртви луѓе. Меѓу нив имало и триесетина деца. Околу 80 луѓе успеале да се спасат. Причината за несреќата се уште не е позната. Медиумите јавуваат дека бродот ,,Бугарија,, бил изграден во 1955 година во тогашна Чехословачка.
XS
SM
MD
LG