Достапни линкови

Над сто исчезнати по несреќата на Волга


Пеесетина руски нуркачи се ангажирани во потрагата по преживеани по вчершаното потонување на бродот Бугарија во реката Волга во Татарстан, во Русија. Досега е потврдена смртта на десетина патници, додека околу сто луѓе се водат за исчезнати, а неколку десетици биле спасени. Причината за несреќата се уште не е позната. Медиумите јавуваат дека бродот Бугарија бил изграден во 1955 година во тогашна Чехословачка.
XS
SM
MD
LG