Достапни линкови

Во Турција обвинети видни личности


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот суд покрена постапка против четири лица под сомневање дека проневериле исламски донации. Агенцијата Анатолија јавува дека меѓу осомничените бил и Захид Акман, поранешен шеф на одделот за контрола на медиумите кој е познат по блиските врски со премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тие се обвинети во рамките на истрагата за постапката што се води во Германија околу проневера на донациите на турската заедница во Германија во вредност од над 14 милиони евра.
XS
SM
MD
LG