Достапни линкови

Седница на Верификационата комисија на Собранието


Собраниската Верификациска комисија денеска ќе ги потврди мандатите на двајацаат нови пратеници кои ѓе седнаат во собарниските клупи Сузана Анова и Стевче Трпковски врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието, согласно член 153 од Изборниот законик. Двајцата се од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден. За вторник претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја закажа третата седница на која се очекува да бидат изгласани предлозите за потпретседатели на Парламентот. Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди предлозите Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ да бидат тројцата потпретседатели на Собранието.
XS
SM
MD
LG