Достапни линкови

Кипарските Грци подготвени за преговори за обединување


Претседателот на Кипар Димитрис Христофиас

Претседателот на Кипар Димитрис Христофиас

Кипарските Грци се подготвени за интензивни преговори за обединување на Кипар и очекуваат дека и кипарските Турци ќе ја следат политиката, за да се постигне договор, изјави денеска претседателот на Кипар Димитрис Христофиас. Тоа е негова прва реакција по трилатералната средба на 7 јули во Женева, на која освен него учествуваа генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и водачот на кипарските Турци Дервиш Ероглу.
На средбата беше одлучено преговорите да бидат забрзани, за да може до октомври оваа година да се постигне приближување на позициите на разделените заедници по сите клучни проблеми.
XS
SM
MD
LG