Достапни линкови

Гајтнер-републиканците ќе мора да се договорат за буџетот


Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер предупредува дека неуспехот да се подигне плафонот на задолженост до 2 август ќе значи „катасрофална штета“ за економијата. За телевизијата Ен-Би-Си, Гајтнер изјави дека републиканците немаат избор и мораат да се договорат за буџетот со Белата куќа. Тој вели дека ако не се договорат до 2 август, кредитните агенции ќе го намалат американскиот кредитен рејтинг за прв пат во историјата. Тоа ќе предизвика катастофални штети и во американската, но и во светската економија, рече Гајтнер. Републиканците и демократите не се согласуваат за начинот на кастрење на буџетот. Ако не се подигне нивото до кое може да се задолжат, на САД им се заканува банкрот.
XS
SM
MD
LG