Достапни линкови

Повеќе од 90 исчезнати по потонувањето на брод во Волга


Волга

Волга

Еден човек загинал а повеќе од 90 луѓе се водат за исчезнати откако патнички брод потона во реката Волга, во Татарстан, околу 750 километри источно од Москва. Веднаш по потонувањето биле спасени 84 луѓе. Се претоставува дека на бродот „Бугарија“ имало повеќе од 180 патници и членови на екипажот . Причината за несреќата не е јасна, се уште трае истрагата. А трае и обидот на спасувачките екипи да пронајдат преживеани. Бродот е изграден во 1955-та во тогашна Чехословачка.
XS
SM
MD
LG