Достапни линкови

Курдските бунтовници обвинети за киднапирање


Турски војници

Турски војници

Курдските бунтовници се обвинети дека киднапирале двајца војници и еден здравствен работник во југоисточна Турција. Властите ги обвинија курдските бунтовници откако го пронајдоа возилото на киднапираните оставено покрај патот во областа Дијарбакир. Во петокот, затворениот водач на милитантната Курдска работничка партија Абдула Оџалан издаде соопштение преку неговите адвокати во кое вели дека се договорил со турските власти да се воспостави „мировен совет“, чија цел е ставање крај на конфликтот што трае 27 години. Оџалан во мај се закани со војна освен ако турската држава започне сериозни преговори по парламентарните избори. Ердоган вети дека ќе продолжи со реформите чија цел е надминување на спорот меѓу Турција и Курдите кои сочинуваат 20 проценти од населението во земјата.
XS
SM
MD
LG