Достапни линкови

Сирија-Состанок за Национален дијалог


Анти-владини протести во Сирија

Анти-владини протести во Сирија

Сириската влада денеска организира Состанок за национален дијалог, но на разговорите не присуствуваат лидерите на опозициските партии и истакнатите активисти. На дводневна тркалезна маса во Дамаск, учествуваат високи функционери, вклучувајќи ги и потпретседателот Фарук ал-Шарех, некои интелектуалци, и преставници на опозицијата. На Собирот се разгледуваат можностите да се воведе повеќепартиски систем и да се стави крај на законите кои му овозможуваат авторитарно владеење на претседателот Башар Асад. Ова се први разговори по 4 месечните протести против режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG