Достапни линкови

Јеремиќ- блокирано барањето ОН да ја води истрагата за органите


Вук Јеремиќ

Вук Јеремиќ

САД, Велика Британија и Франција го стопираат барањето на Србија истрагата за трговијата со човечки органи на Косово да се спроведе под мандат на Обединетите нации, изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ. Тој вели дека нема да се откажат од идејата истрагата да се води под покровителство на ОН, и дека ќе успејат да остварат напредок. Но ако тоа не се случи, ќе биде тешко да не се помисли дека во случајот со трговија со човекови органи на Косово постои нешто, што од некоја причина никако не смее да излезе на светлост на денот, вели Јеремиќ. Што се однесува до влезот во ЕУ, Јеремиќ вели дека тоа е остварливо , но дека „успехот е далеку од извесен“, бидејќи многу нешта не зависат од Србија, , туку и од политичките прилики во ЕУ.
XS
SM
MD
LG