Достапни линкови

logo-print

Баба Рајна - „супербабичка“


Рајна Милковиќ на нејзиниот велосипед

Рајна Милковиќ на нејзиниот велосипед

Иако кон крајот на осмата деценија, 78-годишната Рајна Милковиќ од кумановското село Речица веќе над четири децении не се откажува од возење велосипед.

Тој е нејзино превозно средство до пазарот во Куманово, каде што го продава своето производство, или разнесува млеко на муштерии во градот. Но и кога има потреба во селото, баба Рајна не оди пеш. Посигурна е на велосипед отколку на своите нозе. За годините ниту размислува, ниту пак и пречат. Оваа ведра, насмеана и активна баба не случајно кумановци ја нарекуваат супер-бабичка. До сега сменила четири велоспиди, а последниот е „брзинец“, на кој ги менува брзините според потребите.
Со велосипед одам до Куманово до пазарот. Возам и иако сообраќајот е многу густ. На кривини давам знаци со рацете, зашто знам како возилата даваат сигнали, самата се научив.

„Со велосипед одам до Куманово до пазарот. Возам и иако сообраќајот е многу густ. На кривини давам знаци со рацете, зашто знам како возилата даваат сигнали, самата се научив.“

Баба Рајна додава дека возачите на моторните возила некогаш и даваат предимство, а некогаш таа ги чека тие да поминат:

„Нема проблем“.

Во нејзиниот 43-годишен велоспидески стаж имала многу згоди и незгоди. Некогаш јајцата ги кршела, а некогаш и млекото го истурала на патот.

Баба Рајна со сопругот Милиќ Милковиќ од кумановското село Речица.

„Носев јајца на пазар во торба. Тие се кршеа, па потоа торбата ја држев со заби, ги продавав, земав некој денар и купувавав садови. Беше голема сиромаштија. Последен пат кога паднав го истурив млекото и тоа на лед и сето млеко ми се истури, а луѓето останаа без млеко. Тогаш се вратив дома со празни лонци. Зимата беше многу студена, а ледот се топеше и како стакло беше“, вели оваа супербабичка.
Носев јајца на пазар во торба. Тие се кршеа, па потоа торбата ја држев со заби, ги продавав, земав некој денар и купувавав садови. Беше голема сиромаштија. Последен пат кога паднав го истурив млекото и тоа на лед и сето млеко ми се истури, а луѓето останаа без млеко. Тогаш се вратив дома со празни лонци. Зимата беше многу студена, а ледот се топеше и како стакло беше.

Таа додава дека не и е тешко да вози ниту по снег, ниту по замрзнат пат. Тогаш уште побрзо се движат тркалата.
Со сопругот Милиќ кој е нејзин врсник од селото Бабина Полјана, јужна Србија, во Речица на пет километри од Куманово се доселиле на 35-годишна возраст. Од тогаш и научила да вози велосипед. И сопругот и двете деца, како и петте внуци и 11 од 13-те правнуци возат велоспиед. Иако баба Рајна вели дека младите штом ќе дојдат до автомобил го оставаат велосипедот.
А нејзиниот сопруг запрашан дали некогаш бил љубоморен што неговата сопруга на велосипед сите ја гледаат, вели:

„Не, таа носи пари.“

А ќерка и Деса Ѓориќ(50) раскажува:

„Мене на пазар во Куманово ме прашуваат дали ја знам бабата од Речица што вози велосипед. Кога ќе им кажам дека ми е мајка, тие велат „Еее, таа е супербабичка“. Уште вози велосипед!“

Баба Рајна имала и незгоди со полицијата:

„Еднаш кога разнесував млеко по Куманово и на враќање накај дома сум возела по средина на патот, а полицијата по мене. Се обидувале да ме престигнат, ама не можеле и отишле надвор од патот. Јас продолжив да си возам. Кога наеднаш тие со возилото застанаа пред мене. Едниот од нив ме прашува:

- Бабо, знаеш ли ти да возиш велоспиед?

- Знам синко, му велам јас. - Да не знам нема да го возам.

- Знаеш ли на која страна треба да возиш?

- Некогаш знам, некогаш не знам.
На грб во јаже врзам и носам на нива, вештачко ѓубриво за да се стопи побрзо додека паѓа дожд. Снаата ме товари, таа е малечка не може да носи.

- Кога ќе ти удрам една шлаканица, ќе знаеш.

Јас си замолчав, и кога го вјавнав велосипедот и право дома. Си мислам, е останав јас нетепана.“

Снаата Сунчица вели дека баба Рајна е прекрасна свекрва. Со неа го пие утринското кафе и како другарки за се си раскажуваат, па дури и сопрузите си ги озборуваат. Но, баба Рајна со сопругот со секира „цепка “ и по шест до седум метри кубни дрво за огрев. Носи по два џака ѓубриво до нивите.

„На грб во јаже врзам и носам на нива, вештачко ѓубриво за да се стопи побрзо додека паѓа дожд. Снаата ме товари, таа е малечка не може да носи“, низ насмевка вели баба Рајна.

На неа ништо во животот не и паѓа тешко. Тоа го сфатила кога паѓала и станувала додека се учела да вози велосипед.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG