Достапни линкови

Преглед на печатот


Борба против диктатурата, медиумскиот мрак, трошењето на владата за рекламирање, дел од темите во неделните печатени изданија.

Од најновото електронско издание на неделникот Глобус избираме да се задржиме на колумната „Од дистанца“, што не' потсетува со типично македонската болка: Колку полошо - толку подобро. Авторот Васил Мицковски смета дека на 5 јуни не била спасена демократијата и дека сега ќе се бориме против диктатурата. Зошто? Како прв индикатор дека еден квазидемократски систем тендира кон натамошна режимизација е
По дваесет години демократија и по невидениот бум на сите видови медиуми, Македонија ќе заличи на Србија и на Хрватска во 90-те години.

згаснувањето на оние медиуми наведува авторот. Можам да замислам, пишува тој, колку ќе биде збунета овдешната наивна свест кога веќе на почетокот на есента во Македонија нема да постои ниту една телевизија, а ниту весник кои критички ќе ја опсервираат Владата. Дури и ним ќе им стане јасно дека медиумскиот простор се претворил во мочурише во кое останале само преродбеничките жаби. По дваесет години демократија и по невидениот бум на сите видови медиуми, Македонија ќе заличи на Србија и на Хрватска во 90-те години. Останува да се соочиме со клучното прашање - какви задачи ни претстојат во услови на медиумски мрак? - прашува авторот на текстот. Во вакви ненормални услови се бара креативност и решителност и тоа во прв ред на опозицијата, која треба да ја напушти досегашната практика што се потпираше на тактиката - колку полошо, толку подобро, порачува покрај другото авторот на колкумната „Од дистанца“, во Глобус.

И неделникот Фокус, како и Глобус, се занимава со медиумскиот мрак што
настапува во Македонија, но во овој преглед дозволете накусо да ви ја пренесам статијата за маркетиншкиот манир на Владата на Груевски и
Владата троши 20 илјади евра дневно на реклами и дека нема намера да запре!
безмилосното трошење пари за недобројните рекламни проекти што се емитуваат по телевизиите и весниците. Авторот на текстот, Саше Димовски, смета дека на тоа маркетинг-темпо можат да му позавидат и шеиците, затоа што, пресметал дека Владата троши 20 илјади евра дневно на реклами и дека нема намера да запре! Авторот наведува дека Владата во оваа календарска година потрошила повеќе од три милиони и 700 илјади евра за реклами, што значи приближно 800 евра на час или по еден леб на секои две секунди. Но ако мислите дека со последните седум-осум кампањи власта финишира со рекламирањето, пишува авторот, сте се излажале. Да, на повидок се уште две со кои Груевци по втор пат ќе не мотивираат да ја истражиме Македонија, а, богами, ќе се обидат да го разбудат и претприемачкиот дух во сите нас. Се разбира, откако добро не' научија што е тоа етика, ем добро воспитување, заклучува покрај другото авторот на статијата во Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG