Достапни линкови

Пливачкиот ветеран Рид го препливува Охридското Езеро


Охридско езеро

Охридско езеро

Британскиот пливачки ветеран Мајкл Рид денеска ќе го препливува Охридското Езеро, односно ќе плива 30 километри од Свети Наум до Охрид. Седумдесетгодишниот Рид сака да им покаже на своите врсници и на генерациите на кои и прапаѓа дека независно возраста можат да бидат и тоа како физички активни. Рид, кој 33 пати го има препливано каналот Ламанш, никогаш досега не пливал во Охридското Езеро, но е уверен дека со едно побавно темпо ќе стигне на целта кај Градското пристаниште во Охрид.
XS
SM
MD
LG