Достапни линкови

САД може да повлечат милијарди долари дадени на Пакистан


Пакистански војник

Пакистански војник

Администрацијата на Обама може да повлече милиони долари дадени за помош на пакистанската армија, бидејќи Вашингтон не е задоволен од тоа како Пакистан се справува со милитантите, пишува весникот „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на тројца американски високи функционери. Според весникот САД може да повлечат 800 милиони долари во помош и опрема, и повеќе од една третина од двете милијарди долари кои се наменети за помош во безбедноста. Односите меѓу двете земји се заладија по убиството на Осама бин Ладен од страна на американските служби, без знаење на Пакистан. Потоа Пакистан ја прекина американската програма за обука на безбедносните сили , а 100 -тина американски тренери во последниве неколку недели си заминаа дома. Пакистан се закани дека ќе ја затвори и базата на ЦИА од која се напаѓаат целите на милитантите.
XS
SM
MD
LG