Достапни линкови

logo-print

Британскиот „Њуз оф д ворлд“ излезе за последен пат


Најпродаваниот неделник во Велика Британија, таблоидот „Њуз оф д ворлд“, денеска излегува за последен пат. На насловната страница стојат зборовите „Ви благодариме и збогум“. Минатата недела беше објавено дека по 168 години печатење весникот се затвара поради скандалот со прислушкување на телефоните на познати личности и политичари. Парите од продажбата на последното издание ќе се донираат во добротворни цели. Лабуристичката партија повика итно да се почне со судски процес за да се испита скандалот со пруслушкувањето, за да не бидат изгубени доказите сега кога весникот се затвара.
XS
SM
MD
LG