Достапни линкови

Филмот „Панкот не е мртов“ награден на фестивалот во Карлови Вари


Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка

Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка

Филмот „Панкот не е мртов'' по сценарио и режија на Владимир Блажевски доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата „Исток на Западот“,во која се натпреваруваа уште 11 филмови. Наградата е и парична и изнесува 10 илјади долари. Филмот на Блажевски е црна комедија за панкери на 40-ина години и без перспектива кои живеат на маргините на општеството во транзицијата.
XS
SM
MD
LG