Достапни линкови

ЕУ го поздрави прогласувањето на независноста на Јужен Судан


Прослава на независноста

Прослава на независноста

Европската унија го поздрави прогласувањето на независноста на Јужен Судан. Во декларацијата усвоена од Советот на ЕУ се посочува дека најновата држава во светот ќе има потреба од поддршка, за да се изгради во сигурна, мирна и напредна земја, способна да одговори на барањата и потребите на својот народ. ЕУ е подготвена да помогне во процесот на стабилизирање на состојбата во Јужен Судан и изрази очекување дека локалните лидери ќе обезбедат плурализам, демократија, владеењето на правото и почитување на основните човекови права и слободи, стои во документот.
XS
SM
MD
LG