Достапни линкови

Конвојот на телата на убиените во Сребреница, тргна кон Поторачи


Меморијалниот центар Поторачи

Меморијалниот центар Поторачи

Конвојот со посмртните останки на Бошњаците убиени во Сребреница во јули 1995-та, денеска тргна од Сараево кон Поторачи, каде на 11 јули ќе бидат погребени. Колоната од возил кои ги пренесуваат 613-те ковчези од Високо кај Сараево ги испратија повеќе илјади членови на семејствата на убиените, воени преставници и политичари. Во меморијалниот центар во Поторачи на 11 јули ќе бидат закопани посмртните останки на 613-те идентификувани жртви убиени во Сребреница. Заедно со нив во Поторачи ќе има закопано 5.137 убиени Бошњаци.
XS
SM
MD
LG