Достапни линкови

Руперт Мардок лично ќе го разрешува скандалот со прислушкувањето


Медиумскиот магнат Руперт Мардок ќе пристигне во Лондон за да го разреши скандалот кој настана откако еден од неговите весници призна дека прислушкувале телефони на политичари и познати личности. По признанието неговиот син донесе одлука да го затвори таблоидот „Њуз од д ворлд“, по 168 години постоење. Предвидено е весникот за последен пат да излезе утре. Откритието дека весникот прислушкувал телефонски разговори предизвика гнев во Британија а фирмите масовно ги повлекоа своите реклами. Мардок лично ќе се обиде да ја разреши кризата која го погоди неговото медиумско царство.
XS
SM
MD
LG