Достапни линкови

Македонија 87 години зад ЕУ


Како живеат македонските граѓани? Платите исти, цените растат...и се повеќе големи „деца“ преживуваат од пензиите на родителите.

Економско социјалните чекори што ги воведува државата, а се однесуваат на пензионерите, според едни имаат карактер на заведување, а според други се од помош. Освен турканици во автобусите на ЈСП во деновите кога имаат бесплатен превоз, овие луѓе не добиваат суштинска продобивка. Истото може да се каже и за извесното зголмување на нивните пензии. Превозот главно го користат за прошетки од кои поголемиот дел дома не се враќаат со полни раце. Нивните пензии не може да го следат постојаниот раст на цените кој беше најизразен оваа година. Ова не се размислувањата само на оние пензионери што имаат
Од пензијата на татко ми живееме четири лица.

најнсики примања. А токму пензионерите уживаат статус на категорија за која државата особено води грижа. Лош показател е што оваа категорија кај нас често се јавувата како издржувач на семејства во кои никој друг не работи, барем не со официјален работен статус.

„Јас работам во просвета, хаус-мајстор. А, дома никој нема работа.“

„Од пензијата на татко ми живееме четири лица.“

„Стандардот паѓа, нешто се гради, ама нема пари, нема работа за младиве.“

Некои од најновите истражувања што ги правеа агенциите од регионот потврдја дека со просечна плата од 333 евра македонските граѓани се наоѓаат на дното на спискот на платени меѓу земјите од поранешна Југославија. Неодамна и американсккот амбасадор во Македонија Филип Рикер излезе со констатација дека ние доцниме 87 години зад европските економии. Што се однесува на секојдневниот живот, според анализите, просечната потрошувачка кошничка чини 200 евра, а тоа покажува дека е потребна една и пол плата за да се покријат основните животни трошоци.
Се е поврзано. Мене платата не ми се зголемува, а цените растат.

Сеопштата економска сосотојба ја притиска невработенста. Кај нас таа изнесува 31,2%. Сето ова влијае граѓаните да чувствуват дека во континуитет немаат подобрувања во квалитетот на својот живот.

„Храната е неопходна, а скапа. Јас без 500 денари не излегувам.“

„Кај мене лично се уште нормално оди работата, прво давачките за државата, па после ако остане нешто за нас. Прво давачките се околу три илјади денари, а корпата е преку 12 илјади, но во продавницата сме на рабуш.“


„Се е поврзано. Мене платата не ми се зголемува, а цените растат.“

Според некои анализи, дури 60% од македонските семејства биле погодени од светската економска криза, иако многу помалку ја зафати земјва за разлика од некои други во транзиција.
Прашањата како да се подмират трошоците остануваат централни теми. Годинава поскапеа лебот, маслото за јадење, млекото и уште неколку други основни производи. Нови цени имаат и енергенсите. Платите останаа исти. Граѓаните забележуваат дека многу бргу се трошат парите.

Ако платите не растат, логично е дека куповната моќ опаѓа, а тоа на државата и се враќа како бумеранг. Од пред неколку месеци и оние што користат такси превоз мораат да плаќаат повисока цена. Уште тогаш,
Џабе работиме. Колку е семето? Колку е бензинот? Само извоз треба да има, за тоа што го произведеш да го пласираш.

скокот на цената на горивата предизвика реакција кај такси превозниците кои сега имаат намалување на обемот на работа. Има и превозници кои се уште возат по стари цени, односно работат на црно. Но за многу граѓани, ова се чини логично.
Стапката на невработеност е висока и како последица на тоа што отпуштањето работници е еден од најлесните начини работодавачите да ги намалат трошоците. На црно рабоатат и градежни работници на скелиња, а и новинари.
Но главно со сивата економија се поврзуваат одредени квартови во градот како што е пазарот во Шутка или одредени реони и улици на Бит Пазар, како и пазарите воопшто. На пазарите има и луѓе кои заработуваат од земјоделска работа, но немаат пријавен работен статус. Некои од нив велаат дека оваа година, поради кризата, најтешко ја пребродуваат.

„Џабе работиме. Колку е семето? Колку е бензинот? Само извоз треба да има, за тоа што го произведеш да го пласираш.“

Македонските граѓани за својата состојба ја обвинуваат лошата економска политика. Но, во главниот град животот, помалку или повеќе продолжува како и во сите претходни години. Луѓето се воздржуваат да го искажат нездоволството. Можеби имаат помалку пари од претходните години, но разочарувањата остнуваат скриени.


„Не работам, под завод сум од 1995 година. Ќе ја затвориме фирмата, ќе одиме под завод.“

Лесно може да се забележи дека помеѓу карктеристиките кои може да се забележаат меѓу дел од граѓаните се малодушност или неверување дека работите може да се сменат. Поконкретно нив ги разгледува социологот Илија Ацевски.

„Ние обично ја нарекуваме психолошка димензија од 20 години транзиција во Македонија. Реакцијата е индивидуална.“
Повеќе од третина од буџетот доаѓа од надвор. Македонската економија во голем процент е сива економија. Тоа значи дека во оптек се огромни материјални средства, тоа значи дека секој на некој начин решава некои свои проблеми надвор од општеството, институциите итн.


Што одредува дали некој народ ќе биде зафатен со отворено искажување на незадоволство? Социолозите прифаќаат дека е чудно што, иако како земја имаме највисок процент на невработенсот меѓу земјите во регионот не сме виделе дека тоа ги натерало луѓето да излезат и да реагираат.
Ацевски вели дека нема истражување, но дека темата заслужува анализа. Засега има свое објаснување.
Кои се причините за ваквите чувства? Сервилност пред силни авторитети, непокажување спремност за промени или македонските граѓани се луѓе со мирни навики? Ацевски вели дека причините се од поинаква природа.

„Повеќе од третина од буџетот доаѓа од надвор. Македонската економија во голем процент е сива економија. Тоа значи дека во оптек се огромни материјални средства, тоа значи дека секој на некој начин решава некои свои проблеми надвор од општеството, институциите итн.“


Основните постулати на социјалната држава се темелат врз системот на здравствена заштита. Граѓаните стравуваат дека тие видливо се разнишуваат со последниот потег на владата да ги укиние сините картони за тие што имаат некои други приливи на средства. Најзагрозени ќе бидат луѓето кои присилно работат во т.н. сива економија. Наместо вистинските виновници за нивнаат положба, ќе бидаат казнети тие што немаат друг избор, реагираат некои од нив.

„Како ќе се лекуваме? Што да приложам кога немам никаков приход?“

„Јас одам на операција, а немам сини картони. Каде да ги најдам, кога немам работа?“
Јас одам на операција, а немам сини картони. Каде да ги најдам, кога немам работа?

Последното изневерување на концептот на социјалната држава, како што повеќето луѓе го доживуваат потегот со сините картони, доаѓа во време на летни одмори. Ќе повлече ли ова можеби погласно незадоволство од есен. Видовме дека во некои земји од соседството имаше масовни протести од економска природа.
Кај нас, ССМ подолго време не се памти дека излегле на улица. Најавуваат дека тоа ќе го сторат ако не се испочитува предизборниот договор со владата за утврдување најнсика плата. До ваков договор доаѓа по подолго време.

Сведоци сме што значат протести од примерите од други земји и колку луѓето се обединети. Во меѓувреме, економистите советуваат владата да ги оствари реформите ветени во манифестот за да потикне развој на стопанството.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG