Достапни линкови

Бузек - „ги спасуваме грците за да ве спасиме вас“


Јиржи Бузек

Јиржи Бузек

Претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек денеска ги повика земјите-членки на ЕУ да покажат солидарност со Грција.
- Ги спасуваме Грците затоа што сакаме да ве спасиме вас, нагласи Бузек во обраќањето пред пратениците на австрискиот Парламент во Виена.
Тој нагласи дека актуелната криза не претставува криза на еврото, туку должничка криза во одделни држави на ЕУ, со кои треба да се покаже солидарност.
Според него, покрај Грција и други земји во ЕУ треба да преземат адекватни мерки, бидејќи им се закнува должничка криза слична на грчката.
Во дискусијата по обраќањето на Бузек австриските опозициски партии остро ја критикуваа помошта за Грција, оценувајќи дека не треба да се жртвуваат средствата на европските даночни обврзници.
XS
SM
MD
LG