Достапни линкови

logo-print

Повредени момчиња во училишен двор во Велес


Две момчиња биле избодени со остар предмет во тепачка која, како што соопшти МВР, се случила синоќа во дворот на основното училиште „Васил Главинов,, во Велес. Се прецизира дека група од седум, осум засега непознати лица нападнале три момчиња на возраст од 22 до 27 години. Двајца завршиле со убодни рани во грбот направени со остар предмет, а на едниот му била скршена и клучната коска. Третото момче се здобило со полесни телесни повреди. Двајцата тешко повредени синоќа биле пренесени во медицинскиот центар во Велес. Полицијата трага по напаѓачите.
XS
SM
MD
LG