Достапни линкови

Истрага против Строс Кан поради обид за силување


Тристан Банон

Тристан Банон

Државното обвинителство во Париз отвори прелиминарна истрага по повод тврдењата на француската писателка Тристан Банон дека поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс Кан се обидел да ја силува пред осум години. Истрагата може да потрае неколку месеци и не мора да заврши со покренување судска постапка. Строс Кан поднесе оставка на функцијата шеф на ММФ по обвинувањата на една собарка во Њујорк дека во мај годинава се обидел да ја силува.
XS
SM
MD
LG