Достапни линкови

Уапсен екс уредникот на британскиот таблоид


Енди Коулсон

Енди Коулсон

Британската полиција денеска го уапсила поранешниот уредник на ,,Њуз оф д Ворлд,, Енди Кoулсон поради скандалот со прислушкување кој доведе до затворање на таблоидот. Кoулсон кој порано му беше шеф за комуникации на премиерот Дејвид Камерон бил задржан во полициска станица во Лондон. Претходно Камерон побара целосна и независна јавна истрага на скандалот кој, како што оцени, покажал дека не функционираат британските закони за медиумите. Таблоидот кој е во сопственост на Руперт Мурдок утре ќе излезе за последен пат по 168 години постоење.
XS
SM
MD
LG