Достапни линкови

logo-print

Македонија и Хрватска го парафираа договорот за екстрадиција


Министерот за правда Михајло Маневски

Министерот за правда Михајло Маневски

Македонија и Хрватска денеска го парафираа договорот за екстрадиција на сопствени државјани, што ќе овозможи поефикасна борба против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари. По парафирањето, како што изјави министерот за правда Михајло Маневски, договорот ќе биде доставен до владите на Македонија и Хрватска, а по ратификацијата во парламентите тој влегува во правна сила. Маневски информира дека продолжуваат разговорите на работните групи со Министерството за правда на Црна Гора за склучување договор за екстрадиција и дека е завршена работата на работните групи за склучување договор за екстрадиција со Србија.
XS
SM
MD
LG