Достапни линкови

Красниќи - Косовскиот тим не смееше да се откаже од државните симболи


Претседателот на косовскиот Парламент Јакуп Красниќи изјави дека приштинскиот преговарачки тим не смеел да се откаже од државните симболи при постигнувањето на првите договори во текот на дијалогот со Белград.
Красниќи во интервју за „Коха диторе“ нагласи дека приштинската делегација и не требала да прифати границата со Србија да се окарактеризира како административна.
Тој го оцени како неприфатливо и прифаќањето на фотокопиите на матичните книги, наместо оригиналите, не криејќи ја загриженоста дека тоа истото може да се случи и со катастарските книги.
Красниќи напомена дека Косово ги поседувало оригиналите од тие книги уште додека било автономна покраина во рамки на поранешна Југославија, како и дека ЕУ треба да изврши притисок врз Србија тие книги да им ги врати на легитимните сопственици.
XS
SM
MD
LG